Сончев петок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И денес, петок, 24 јануари, времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 10 до 0, а дневната од 7 до 13 степени.

Во Скопје сончево со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус 6, а дневната ќе достигне до 8 степени.

Во Маврово, Охрид и Крива Паланка дневните температури ќе достигнат до 7 Целзиусови степени, Битола и Берово 8, Кавадарци 10, Дојран 13.

За време на викендот ќе биде променливо облачно. Во недела од средината на денот, преку ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег. Од недела утринските температури ќе се покачат.