Сончев четврток


Кој ќе освои трофеј во Бундеслигата, а кој ќе испадне од Премиер лигата!?


Времето во Македонија денеска, четврток, 14. арпил, ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 22 степени. Маврово 16, Охрид 18, Битола 20, Крива Паланка 18, Берово 17, Кавадарци 23, Дојран 22.

До петок ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Во сабота ќе има зголемена облачност, а од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно, ветровито и значително постудено време со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, особено во јужните и источните делови.