
Софија Ричи Грејнџ уште еднаш покажа дека совршено ја разбира модерната гламурозна естетика и суптилната елеганција.
На својот Инстаграм профил, популарната модна икона заблеска во црн миди фустан со црвен цветен принт, креација на луксузниот њујоршки бренд Лела Роуз – и веднаш ги инспирираше сите што бараат идеален изглед за летна свадба.
Моделот со назив Poppy Multi Floral Print Dress плени со романтични, но воедно и модерни детали. Лесната силуета, нежната асиметрија и кратката „пелерина“ на рамениците создаваат совршен баланс меѓу женственост, модерен шик и лежерност – комбинација што е задолжителна на летните свечености. Софија го надополни стајлингот со црни салонки, создавајќи софистициран, романтичен и целосно „wedding ready“ изглед.
За оние што сè уште не се запознаени, дизајнерката Лела Роуз, која твори од Њујорк, е позната по уникатната спојка на луксуз, уметнички израз и свежина во своите колекции. Нејзиниот препознатлив стил, богат со бои и прецизно обликувани силуети, ги облекуваат многу госпоѓи од светската елита, меѓу кои и Кејт, Војвотката од Кембриџ и Мишел Обама.
Нов изглед, нова ера за Софија
Ова модно издание доаѓа само неколку дена по големата промена што Софија ја направи – се прости од нејзината препознатлива долга руса кадрава коса и се одлучи за тренди боб фризура, совршена за летните денови на Француската ривиера.
За нејзиниот свеж и шик изглед се погрижи фризерот Џорџ Каран, а самата Софија призна на ТикТок дека овој чекор бил храбар, но неопходен за здравјето на косата – и истовремено симбол на нов почеток. „Ова е совршен изглед за мојот 27 роденден“, изјави таа, најавувајќи дека во нејзиниот живот започнало едно сосема ново, освежено поглавје.