Со здравје да се вози, Веселка!


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, ја почести својата сопруга Веселка со нов автомобил од марката Range Rover.

Возилото со бела боја кое пристигнало на нивната адреса ја изненадило Јанчева, со која градоначалникот е заедно од рана младост.

За „Фокус” тој изјавил дека секоја жена заслужува љубов и почит од страна на својот сопруг, бидејќи според него жената е столб на семејството.

„Со сопругата сме заедно 25 години и таа секогаш стоела покрај мене, во добро и во лошо. Родители сме на три деца, заедно ги воспитуваме на вистинските вредности, а семејството за нас не би рекол дека е приоритет, туку дека е сè! Новиот автомобил кој и го подарив на сопругата е само гест на внимание, на благодарност за сето она кое таа значи за мене и за нашето семејство, за нејзината пожртвуваност. Растен сум во фамилија каде семејните вредности се светост, ја продолжуваме таа традиција- вели градоначалникот.

Додава дека не е важен подарокот, туку вниманието пред се, и за него мажите кои си ги почитуваат своите сопруги и кои ја покажуваат својата љубов кон нив, се луѓе во вистинскиот смисол на зборот.

„Жената е таа која од куќата прави дом, која ја дава таа топлина помеѓу ѕидовите, која пожртвувано се грижи за децата, за целата организација на едно семејство. Со сопругата заедно минавме многу години, добри и тешки моменти, како што впрочем се случува во сечиј живот, овој подарок е само еден начин да и покажам колку ми значи нејзината поддршка и посветеност“ – изјави Јанчев.