Со самоделски пламенофрлачи, негасена вар и човечки измет против полицијата – мигранти насилно влегоа во Шпанија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Над 700 мигранти вооружени со стапови и домашно направени пламенофрлачи, насилно влегле на шпанска територија пробивајќи се преку граничната ограда во шпанскиот град Сеута. Во борбите се повредени повеќе од 100 мигранти и 22 граничари.

Граничарите уапсиле стотици мигранти на страната на Мароко, а поголем број биле приведени во Сеута, објави Ел Паис. Волонтерите и локалниот разгранок на Црвениот крст изјавиле дека 132 мигранти претрпеле повреди, додека 11 морало да бидат однесени во локалната болница.

Некои од нив беа расечени од боцкавата жица додека се обидуваа да се искачат на оградата, а други добиле скршеници на коските. Повредени се и 22 граничари. Некои граничари биле запалени кога мигрантите ги нападнале со домашно направени пламенофрлачи додека се обидувале да избегнат апсење.

Мигрантите против граничарите се бореле и со стапови, негасена вар, спрејови и човечки измет кој го носеле во канти и со него фрлале по граничната полиција.

Стотици мигранти постојано демнат во шумите во двете шпански енклави на северот на Африка, а речиси секојдневно насилно и организирано се качуваат на жичената ограда, не бирајќи средства влегуваат на шпанска територија.