Home Актуелно Со обилни дождови, циклонот „Андреа“ една недела ќе го тресе Балканот

Со обилни дождови, циклонот „Андреа“ една недела ќе го тресе Балканот

Од вчера вечерта, Балканот, а со тоа и Македонија, е под влијание на голем влажен бран кој е предизвикан од циклонот „Андреа“ кој ќе трае една недела.

Се очекува да наврнат од 50 до 70 литри дожд на метар квадратен, најмногу во крајните западни и југоисточни делови. Васко Стојов од хидролошкото одделение на УХМР објаснува дека се зависи колку дожд ќе падне на одредена териотрија.

Дирекцијата за заштита и спасување објасни дека внимателно движењето покрај водотеците и суводолнците во крајниот југо-запад и северо запад каде е можно излевање на редките и појава на свлечишта и одродни, особено на патниот правец Маврово –Дебар – Струга, и во регионот на сливовите околу планините Кожув и гевгелиско-валандовскиот крај.

Подрачјето на земјава од август до мај оваа година немаше периоди на дождови, и дождовите во арпил, мај и јуни се потребни за одржвање на водостојот на реките а со тоа на вештачките акумулации да не дојде до сушно лето, потенцира Стојов.

Метеролозите најави и пониски температури со стратот на дождовите што ќе траат до петок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…