Заборави на штикли (барем засега) – ретро патики од лудите ’80-ти се повторно на врвот на модната сцена и немаат намера да се повлечат!
Дебели ѓонови, интензивни бои, спортски вайб и кул менталитет од минатиот век – сега ги комбинираме со… фустани. Да, точно прочита. Модниот микс кој до вчера ни изгледаше како невозможна мисија, денес е хит на Инстаграм, ТикТок и сите улични модни подиуми.
За сите девојки што сакаат да бидат и удобно и стилизирано – old-school патиките се вистински моден џекпот! Ти гарантираат лежерна елеганција и оној „не се потрудив, ама изгледам брутално“ ефект.
Кои модели се најактуелни?
Конверс Хај-Топ – легендарна класика со бунтовнички карактер
Икона на алтернативниот стил – високите патики од Конверс добија нов живот во неонски и вибрантни бои. Комбинирај ги со трапез панталони, мини фустани или дури и slip сукњи за онаа кул девојка која не се труди да биде кул – ама дефинитивно е.
Адидас Ориджиналс – минимализам со став
Во осумдесеттите беа симбол на статус, денес се дефиниција за sporty-chic. Надградени со свежи бои и прочистени линии, Адидас Ориджиналс се идеални со мини-сукња, но и со oversized блејзер кога сакаш да покажеш: „Јас знам што правам – и во животот и во модата“.
Најк Ер Џордан – кралиците на streetwear сцената ни се враќаат
Ако сакаш стилот да го диктираш ти, Џорданките се главен погодок. Моќни, одлучни и воскресени во уште подиви бои. Спои ги со карго фармерки и голема маица – резултатот? Урбана кралица во полна форма!
Њу Баланс – кога сакаш сè: удобност + стил + чиста girl естетика
Од патики за трчање до врв на модната сцена – Њу Баланс моделите денес се моден must-have. Удобни како ниту една друга патика, а кога ќе ги составиш со ленен фустан, crop top или jorts (комбо од фармерки и шорцеви), добиваш безгрижно кул изглед кој сите ќе го забележат.
Пума Суеде и Спидкeт – ретро гламур што мириса на град
Спидкeт моделите во црвено, сино или дури златно – вистински гламур од ’80-тите, облечен во ново руво. Фешн инфлуенсерки ги обожуваат, особено кога ги носат со миди-сукњи, crop кошули и широка насмевка. Урбаниот глам никогаш не бил толку автентичен!
Патиките од осумдесеттите не се само тренд – тие се став. Совршено ги спојуваат удобноста, носталгијата и неодоливиот стил во еден потег. И најважно од сè? Се комбинираат со фустан како да се создадени баш за тоа.