Службениците во УЈП на предупредувачки протест бараа 30 отсто зголемување на платите


Топ 10 најголеми фудбалски дербија


Со барање за повисоки плати согласно Колективниот договор, службениците во Управата за јавни приходи (УЈП) во Скопје и во регионалните канцеларии излегоа на предупредувачки протест.

Протестот траеше од 10 до 11:30 часот, а претседателот на синдикалната организација во регионалната подружница на УЈП-Штип од синдикатот „Солидарност“, Сашко Велковски, посочи дека барањето на вработените е платите да се зголемат за 30 отсто.

„Овој прекин на работа е само еден жолт картон на раководството во Министерството за финансии кое и покрај преговорите што ги имавме во изминатиот период, никако да ни ги одобри нашите барања што ни следуваат согласно закон“, вели Велковски.

Тој посочува дека трошоците за живот континуирано растат, а платите на вработените во УЈП се исти со години. Доколку нема зголемување, вели, вработените се подготвени и за порадикални чекори, односно ќе продолжат со протести и генерален штрајк.