Home Шоубизнис Славната манекенка се обидува да иницира нова разголена манија

Славната манекенка се обидува да иницира нова разголена манија

Благодарение на Ким Кардашијан и пар други славни ѕвезди, голотијата во изминативе години стана „содржина“ на неколку трендови кои беа иницирани од нивна страна. Последниот вклучува сако облечено на голо тело, без ништо под него.

На овој тренд брзо се закачија голем број славни ѕвезди, а една од нив сега понуди полежерна, дневна верзија од истиот.

Бела Хадид беше „уловена“ во прошетка низ Њујорк облечена во црна „пилотка“ под која, очигледно, не носеше буквално ништо освен долго декоративно ланче, а патентот од јакната го имаше раскопчано речиси до папок.

Оваа провокативна комбинација ја искомбинира со искинати фармерки и сини Dior потпетици, а модниот избор го зачини со очила за сонце со жолто рефлектирачко стакло.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …