Home Актуелно Скопјани бидете раат, имало гас и за декември

Скопјани бидете раат, имало гас и за декември

Испораката на топлинска енергија во Скопје ќе продолжи непречено, известува АД Електрани на  Македонија (ЕСМ) откако вчера објави дека за цел декември е обезбеден природен гас од „Макпетрол пром – гас“ и топлинска енергија од ТЕ-ТО.

ЕСМ од вчера го презеде управувањето и со топланата Скопје Север со што се обезбедува затоплување и на граѓаните, институциите, градинките и училиштата во општините Чаир и Бутел.

АД Скопје Север вчера го потпиша Договорот за деловно-техничка соработка со ЕСМ, која, пак, со наменски добиени средства од Буџетот вчера попладне изврши плаќање на потребните количини гас кај добавувачот на АД Скопје Север, „Макпетрол пром-гас“.

„Договорот е потпишан и од АД Скопје Север и од сопственикот АД Топлификација во стечај и дадени се гаранции за средствата кои ќе бидат вложени од страна на АД ЕСМ во текот на оваа грејна сезона. Исто така, АД ЕСМ преку свој прокурист и врзан потпис ќе го контролира работењето и исплатите од акционерското друштво корисник на средствата“, соопшти АД ЕСМ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…