Скопјанец наместо зимница „наклал“ марихуана


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


27-годишен жител на Скопје заработи обвинение за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, откако полицијата при претрес во неговиот дом, во тегли тегли на кои пишувало лутеница и ајвар открила марихуана.

„При претрес на домот на обвинетиот во Влае, на 14 декември 2019 година, беа пронајдени 28,66 грама наркотична дрога – марихуана, како и две дигитални ваги со остатоци од марихуана и психотропни супстанции. Обвинетиот 27-годишен скопјанец дрогата ја чувал во стаклени тегли со натпис „лутеница“ и „ајвар“.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело што му се става на товар, надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, се вели во соопштението на обвинителството.