Home Шоубизнис Скапа цена на шоубизнис славата: Се распадна уште една славна љубовна врска

Скапа цена на шоубизнис славата: Се распадна уште една славна љубовна врска

После двегодишна врска, Шерил Твиди и Лиам Пејн ставија крај на нивниот заеднички живот и романса.

Шобузнис медиумите со месеци изразуваа сомнежи дека славниот пар има раскинато, а Лиам потврдил дека постојано се расправаат и раскинуваат за да спасат нивниот однос. Прво тоа го потврдила Шерил на Твитер, а истата објава ја споделил и Лиам на својот профил.

„Жал ни е што објавуваме дека одлучивме да ни се разделат патиштата. Беше тешка одлука за нас. Сè уште се сакаме како семејство. Бер е наш свет и ве молиме да ја почитувате нашата приватност, додека да пројдеме низ ова“, стои во објавата.

Поранешните партнери имаат 15-месечено бебе Бер. Лиам се иселил од нивната вила во Лондон, вредна пет милиони фунти.

„Многу вложија во нивната врска, имаа проблеми последната година, но го надминаа тоа. Сепак, се наоѓаат во различен период од животот и после долго размислување заклучиле дека најдобро е секој да оди на своја страна. Сеуште имаат чувства еден за друг и сакаат заедно да го одгледаат својот син“, рекле неговите пријатели.

Наводно, проблемот бил во тоа што Лиам поради својата соло кариера многу ретко одел дома, а Шерил морала сама да се грижи за својот син.

Еден ден пред објавата за раскинувањето, Шерил го прославила својот 35-ти роденден, а на Инстаграм споделила фотографии со пријателките од поранешната група Girls Aloud, кои се покрај неа додека го надминува тешкиот период.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …