Максимализмот се враќа со полна сила, и тоа директно на врвовите на ноктите.
Во 2026 година, маникирот повторно се претвора во моден додаток кој привлекува внимание, а rhinestone ноктите се трендот што носи доза на раскош, сјај и оној „wow“ ефект што го обожаваат луксузните модни магазини. Малите кристали, бисери и тридимензионални детали ги претвораат ноктите во мали скапоцености, а секој маникир станува минијатурно уметничко дело. Ако некогаш постои момент за повеќе сјај во секојдневието – тогаш тоа е сега.
Во продолжение следуваат пет идеи што изгледаат луксузно, разиграно и сосема неодоливо. Одберете ги вашите омилени и препуштете се на сјајот.