Home Живот и здравје Сирење што ја подобрува цревната флора и помага при слабеење

Сирење што ја подобрува цревната флора и помага при слабеење

Заборавете на пармезан и чедар – овој пат главната улога ја добива котиџ, лесниот, кремаст бел сир кој ги освои љубителите на здрави навики и фитнес трендови ширум светот.

Овој тивок јунак во фрижидерот има сè: сочноа текстура, благ вкус и листа на бенефити кои повеќе наликуваат на рецепт за убавина отколку на оброк.

Станува збор за свеж, нежен сир без процес на зреење, направен така што задржува малку сурутка, што му дава препознатлива, благо влажна структура. Она што го прави омилен кај нутриционистите? Мала количина масти, многу протеини и изобилство од калциум, фосфор и витамини од Б-комплексот – сè што му е потребно на телото за да биде силно, енергично и во форма.

ЗОШТО ГО ОБОЖАВААТ СИТЕ ШТО ВНИМаваАТ НА СВОЕТО ТЕЛО

Котиџ сирот е тајниот сојузник во борбата со килограмите. Благодарение на високата содржина на протеини, го контролира апетитот и дава долготрајно чувство на ситост. Освен тоа, има далеку помалку масти од останатите сирења (само 4 отсто, наспроти 30 отсто кај чедарот!), а обезбедува и вреден калциум, кој според истражувања, може да помогне при слабеење кога се комбинира со избалансирана исхрана.

ЈА НАХРАНУВА ВНАТРЕШНАТА СИЛА

Покрај протеините, котиџ сирот е богат со казеин – комплетен протеин што ги содржи сите есенцијални аминокиселини. Тие делуваат како микротим за телото: помагаат за растот на мускулите, влијаат на расположението, енергијата, имунитетот и дури и на квалитетот на сонот.

ГИ ЈАКНЕ КОСКИТЕ И ГО ПРАВИ ТЕЛОТО ПОИЗДРЖЛИВО

Три клучни нутриенти – калциум, фосфор и протеини – го прават овој сир вистински „спа третман“ за коските. Редовната консумација може да помогне во превенцијата на остеопороза и одржување на цврстината и еластичноста на коските.

ГИ НЕГУВА ЦРЕВАТА И ЈА ОДРЖУВА РАВНОТЕЖАТА

Благодарение на процесот на ферментација, котиџ сирот често содржи пробиотички култури кои помагаат во воспоставување на здрава микрофлора во цревата. Значи, не е само нутритивен – туку и функционален. Само обрнете внимание на етикетата: бирајте верзии кои содржат „живи и активни култури“.

КАКО ДА ГО КОНСУМИРАТЕ?

Како брз појадок со овошје и мед, како протеинско надополнување во смути или како лесна вечерна опција со краставица и маслиново масло – овој сир се вклопува во секоја рутина и во секоја диета.

Котиџ сирот можеби изгледа едноставно, но во светот на здравиот живот тој е вистински луксуз во минимално пакување – чиста, кремаста рамнотежа помеѓу вкус, здравје и елеганција.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …