Силен земјотрес од 7,3 степени по Рихтер го погоди североистокот на Јапонија – издадено предупредување за цунами


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Силен земјотрес со епицентар на 60-тина километри од брегот го погоди североисточниот брег на Јапонија.

Како што јавува Ројтерс, во тој дел од државата потресот се почувствувал во населените места, а издадено е предупредување за цунами.

Земјотресот кој се случил во близина на префектурите Мијаги и Фукушима бил со јачина од 7,3 степени по Рихтер, јави јавниот сервис на Јапонија НХК.

Како што јавува Франс прес, земјотресот се почувствувал и во Токио, а околу два милиони домаќинства останале без струја.