Home Живот и здравје Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал?

Крвниот притисок зависи од многу секојдневни фактори – од стрес и квалитет на сон, до ситни навики поврзани со исхраната.

И додека повеќето луѓе го насочуваат вниманието кон медикаменти или физичка активност, научниците сè почесто ја анализираат и храната и пијалаците кои можат, барем малку, да помогнат во контролата на притисокот. Еден од оние „јунаци на појадокот“ е токму сокот од портокал – пијалак што милиони луѓе го консумираат секое утро.

Дали сокот од портокал навистина го намалува притисокот?

Некои истражувања укажуваат дека сокот од портокал може да предизвика мало намалување на крвниот притисок, но научниците предупредуваат дека долгорочните ефекти сè уште не се целосно јасни. Краткорочни испитувања покажале пад на дијастолниот притисок кај испитаниците, но останува непознато како редовната консумација влијае на организмот низ години.

Прегледна студија од 2021 година, објавена во списанието Nutrients, опфатила 618 лица опфатени во 19 истражувања. Заклучокот: консумирање овошни сокови придонело за намалување на дијастолниот притисок за околу 2 mmHg во споредба со плацебо. Иако тоа на прв поглед не звучи многу, експертите истакнуваат дека таквото намалување може да спречи појава на хипертензија кај околу 17 отсто од населението.

Уште поинтересно е тоа што редовната консумација на овошни сокови се поврзува со 33% помал ризик од смрт предизвикана од мозочен удар – дури и повеќе отколку со консумирањето свежо овошје и зеленчук. Слични резултати покажале и други студии – лицата кои редовно пиеле сокови имале намален ризик од срцеви и мозочни удари, што делумно се припишува и на намалениот крвен притисок.

Зошто сокот од портокал може да помогне?

Причината се крие во хранливите материи и антиоксиданси кои се наоѓаат во овој пијалак:

Калциум и калиум – го потпомагаат проширувањето на крвните садови и придонесуваат за отстранување на вишокот натриум од телото.

Полифеноли – растителни соединенија кои позитивно влијаат врз балансирањето на крвниот притисок.

Витамин Ц и фолна киселина – придонесуваат за јакнење на имунитетот и заштита на васкуларното здравје.

Особено важна е улогата на калиумот што го има во сокот од портокал – електролит кој му помага на организмот подобро да се ослободи од натриумот, што е особено корисно за лицата со висок притисок.

Колку сок дневно е доволно?

Иако сокот може да помогне во намалување на крвниот притисок, не е магично решение. Препорачливо е да се јаде цел портокал, бидејќи влакната од овошјето ја забавуваат апсорпцијата на шеќерите и му нудат на телото дополнителни придобивки.

Секако, ако уживате во сокот, нема потреба целосно да го избегнувате, но важно е да знаете дека ниту еден пијалак сам по себе не може да го контролира притисокот. Комбинацијата од здрава исхрана, редовна физичка активност, навремена терапија и промени во животниот стил е клучна. Диететичар или нутриционист може да ви изработи индивидуален план кој вклучува и сок, но и докажано ефикасни стратегии за одржување на долгорочно здравје.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Скијањето – дали навистина му користи на умот и телото?

1. Забава Скијањето е вистинска забава. Слободното време можете да го поминете на свеж пла…