ФИЛТЕР КАФЕ
Лицата што пијат филтер кафе често се претставници на подзатворени или интровертни личности. Некои од нив можеби и се грижат повеќе за здравјето, особено ако ја пијат без млеко и шеќер, бидејќи тоа е нискокалорична опција. Ова може да значи дека тие се решителни, знаат како да се грижат за себе и внимаваат на детали. Од друга страна, ваквата наклонетост може да укаже и на себична страна на личноста.
ЛАТЕ
Оние што преферираат лате спаѓаат во типот на луѓе кои се сметаат себеси за вистински љубители на кафе, но не сакаат преголеми компликации. Сакаат нешто едноставно, без вештачки украси. Најчесто се воздржани, не се големи ризикувачи. Овие личности се прилагодливи и пријатни во друштво.
ЕСПРЕСО
Љубителите на еспресо најчесто се авантуристички настроени и имаат динамичен карактер. Тие точно знаат што сакаат и не се плашат отворено да го бараат тоа. Наверојатно, тие се истите луѓе што во бар ќе нарачаат добро виски или рум. Искрени се, директни и често впечатливо харизматични.
ЛАДНО КАФЕ
Луѓето што ќе нарачаат ладно кафе и летно и зимско време се неконвенционални и уникатни. Тие обично не следат трендови, туку живеат по свои правила. Имаат силна желба сè да направат на свој начин и често се тврдоглави, особено кога станува збор за нешта што им значат. Тоа се луѓе што ќе седат на тераса на дожд, додека сите други бараат засолниште.
КАПУЌИНО
Личности што сакаат капуќино се во потрага по нешто „повеќе“ од животот и важат за забавни и љубопитни. Отворени се за нови искуства и сакаат да ризикуваат во откривање нови хоризонти. Често се раководени од желбата да совладаат нова вештина или да посетат ново место, топли се и спонтани.
КАФЕ СО АРОМИРАНИ СИРУПИ
Ако во кафето редовно додавате вкусови преку сирупи, најверојатно сте поавантуристички од повеќето. Тие што се љубители на ваква кафа сакаат промени, тешко се согласуваат на компромиси и не се плашат да ризикуваат. Обично се верни, многу креативни личности и сакаат да испробуваат нови нешта.