Home Вебкафе Што нема по светов: 4.000 желки од загрозен вид запланети од руските цариници

Што нема по светов: 4.000 желки од загрозен вид запланети од руските цариници

Руските царински служби заплениле околу 4.000 желки од загрозен вид при обид тие да бидат прошверцувани од Казахстан во Русија.

Станува збор за централно-азиски желки, кои биле сместени во 25 големи вреќи, скриени под седум тони зелка, при обидот да бидат нелегално внесени во Русија.

Возачот кој се обидел да го изврши шверцот на желките не пријавил друга стока, освен зеленчук и против него е поднесена кривична пријава.

Вредноста на желките, кои се водат како вид кој се соочува со исчезнување, се проценува на 70 илјади евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…