
Најновото истражување за пенисите откри дека жените избираат еден тип на пенис за авантуристички секс, а сосема друг за сериозна врска.
Дали конечно го добивме одговорот на вечното прашање: дали е поважна должината или обемот? Тешко дека има едноставен одговор, но истражувањето донесе интересни сознанија. Според истражување спроведено на Универзитетот во Калифорнија, кога станува збор за секс за една вечер, жените повеќе внимание посветуваат на обемот на пенисот, отколку на неговата должина.
Во оваа студија, 41 испитаничка добила задача да разгледа и допре 33 вештачки пениси изработени со 3D печатач. Моделите биле обоени во сина боја, со обем кој варирал од 6 до 17 сантиметри, и должини од 10 до 21,5 сантиметри.
Секоја жена требала да избере кој модел би го преферирала за секс за една вечер, а кој за подолгорочна, посериозна врска.
Резултатите покажале дека за авантуристички односи, жените генерално преферирале пениси со поголем обем, додека за сериозни врски избирале нешто помал обем. Кога станува збор за должината, немало поголема разлика — во двата случаи, просечната избрана должина изнесувала околу 10,5 сантиметри.
– Вагината е полна со нервни завршетоци кои се многу чувствителни на притисок и затегнување, и можно е тие сензори повеќе да реагираат на варијации во обемот, отколку во должината. Поширок пенис има тенденција да го притисне клиторисот поблиску до вагината за време на односот, што може да и помогне на жената полесно да достигне оргазам. Од друга страна, премногу долг пенис може да предизвика болка во грлото на матката – изјавила Шенон Леанг, авторка на ова флуидно и интересно истражување.