
Лесни, практични, ултра женствени и бескрајно елегантни – тенките прерамки се апсолутен must-have за ова лето. Без разлика дали ќе избереш топ, фустан или комбинезон, тенките прерамки секогаш додаваат доза на софистициран минимализам – затоа што кога едноставноста изгледа толку шик, не ти треба ништо повеќе!
Најстилизираните девојки на Инстаграм и уличната модна сцена веќе се вљубени во овој тренд – затоа што е разновиден, прилагодлив и совршен за топлите денови. Истовремено, нивниот дискретен и елегантен крој функционира како празно платно на кое можеш да го изградиш било кој летен изглед – од чист минимализам до бохо романтика или урбан гламур.
Како да ги носиш?
Комбинезон со тенки прерамки – совршен за вечерни излегувања покрај море
Тенок топ со широки фармерки – за кул, урбан изглед во градот
Црн фустан со прерамки и сандали со ремчиња – безвременска класика
Два парчиња во иста боја (deux pièces) – за елегантен монохроматски изглед
Ланени панталони со чипкан топ со тенки прерамки – за лежерен дневен гламур
Капри панталони и сатенски топ – за модерен летен изглед
Без разлика дали одиш на brunch, вечера, на работа или на летен фестивал – тенките прерамки се твојот елегантен адут. Во комбинација со златен накит, нефоромална пунџа и неутрална шминка – добиваш изглед на модна икона без премногу труд.
Совет за крај
Секогаш бирај квалитетни материјали – свила, лен и вискоза го прават изгледот на тенките прерамки попрефинет и луксузен. На тој начин, твојот стил ќе биде женствен и елегантен, дури и кога изгледа наједноставно.