Шик комплет, беспрекорна фризура и шминка: Цеца на гала прослава кај кумовите
Во луксузен ресторан на Белград на вода вечерва се одржува прославата на 18. роденден на Андреј Ташковиќ, синот на Вики Миљковиќ и Драган Ташковиќ – Ташке. Меѓу поканетите присуствуваа бројни познати личности, а атмосферата беше гламурозна и свечена.
Цеца пристигна меѓу последните, носејќи елегантна комбинација од панталони со висок струк и јакничка. Нејзината фризура и шминка беа беспрекорни. Фотографите и гостите не останаа рамнодушни на нејзиниот елегантен изглед, додека славеникот Андреј се дружеше со пријателите и членовите на семејството.
Андреј изјави дека најважно му е присуството на луѓето кои ги сака:
„Мама може да ја запее „Махинално“, ништо повеќе не мора. Не кршам чаши, само рекети. Музиката не ме привлекува многу, сакам различни жанрови – од американски рап до нашата народна. За мене е најважно да се тука луѓето што ги сакам, а не колку чини прославата. По роденденов ќе видам дали ќе продолжам со тенис или ќе одам на факултет. Спортот секогаш ме привлекувал, а естрадата не ми е фокус“, изјави за Блиц.