
Доколку во есенските и зимските месеци очилата за сонце се моден додаток кој совршено го надополнува секој аутфит, а покрај тоа успешно ги прикрива трагите од непреспиена ноќ, во пролетната и летната сезона тие се апсолутен must-have аксесоар.
Изборот на очила треба да се направи со сериозност. Прво, не ја потценувајте нивната главна заштитна функција – одберете модел со квалитетни стакла кои ќе ве заштитат од штетното ултравиолетово зрачење. Второ, важно е да го пронајдете обликот и дизајнот кој најмногу му одговара на вашето лице, а истовремено да ги следите актуелните трендови.
Несомнено, класичните црни очила се неопходен дел од гардеробата на секоја девојка. Квалитетен пар црни очила може да го подигне дури и наједноставниот стајлинг со фармерки и basic маица на повисоко ниво. Доколку веќе поседувате совршен црн модел кој одговара речиси на сè, оваа пролет ве охрабруваме да обрнете внимание на најактуелните модели – очила со рамки и стакла во боја, кои станаа вистински хит меѓу славните личности и модните инфлуенсери.
Впечатливите очила во боја се најмодерниот додаток за оваа сезона, способен да го направи секој аутфит двојно повпечатлив и тренди. Овој став го делат не само љубителите на уличната мода, туку и водечките модни куќи – очилата во боја беа неизоставен елемент на речиси сите големи ревии за пролетно-летната сезона. Нема строго правило за избор на боја или форма, затоа слободно одлучете се за моделот кој најмногу ви одговара. Не се грижете, очилата во боја нема да ви создадат проблем при комбинирањето на облеката – напротив, оваа пролет е совршено време да експериментирате со палетата на бои и да ги усогласите на најсмел начин.
Во галеријата одвоивме 10 модели на очила во боја кои совршено ќе се вклопат во секој пролетен или летен аутфит.