
Пејачката Јелена Карлеуша не ја криела својата тага по веста за смртта на Саша Поповиќ, со кого, по години посветена соработка на “Ѕвездите на Гранд”, имала бурен прекин на односите.
Како што вели Јелена, со Саша и Сузана се помириле во декември, а веста за неговата смрт ја поразила, бидејќи во сеќавањето носи само убави моменти од нивното пријателство.
– Кога станува збор за Саша, никогаш нема да заборавам кој ми подаде рака кога ми беше најтешко… Малку сум уморна… – рекла таа, па открила:
– Последен пат го видов во декември и беше многу лошо, го видов него и Сузана. Кога се сретнавме, претходно долго време не зборувавме, откако заминав од “Ѕвездите на Гранд”, но секако, во вакви моменти човек треба да заборави. Караниците не се важни, паметиме само убавото и важно е само доброто кога некој е во неволја. Му пријдов и му подадов рака, тој беше многу среќен што ме виде, седнавме и разговаравме. Не е важно каде се видовме, а тој ми рече: ‘Јеко, зарем навистина мислеше дека ќе заминам, а да не те видам уште еднаш?’ Се разбира, рече тоа на шега, а јас му кажав: ‘Сале, нема ти да умреш, ќе живееш уште долго, долго и ќе се караме ти и јас уште многу пати.’ Тогаш ми рече: ‘Никогаш повеќе нема да се караме, Јеко.’ Тоа беше последното што ми го кажа.
Како што открила, ќе присуствува на погребот, а истата вечер ѝ испратила порака на Сузана.
– Ме известија дека погребот ќе биде во четврток, така што ќе дојдам на последното простување и поменот, како и да ја видам Сузана. Ѝ испратив порака дека сум тука за сè што ѝ треба. Кога мојата мајка Дивна почина, првите луѓе што влегоа во мојот дом беа Сузана и Саша.
Јелена Карлеуша не се појави на комеморацијата за Саша Поповиќ, но нејзиното присуство на погребот на Бежаниските гробишта се очекува.