Home Шоубизнис Сефте, па близнаци: Амал и Клуни очекуваат двојна принова

Сефте, па близнаци: Амал и Клуни очекуваат двојна принова

Сопругата на славниот американски актер Џорџ Клуни, адвокатката Амал е бремена и носи близнаци. Според InTouch, славниот пар чека девојче и машко.

Веста беше објавена откако Амал го покажа своето трудничко меше во фустан со цветен дизајн на премиерата од филмот The White Helmets во Лондон, на 9 јануари.

„Кога Амал и Џорџ дознаа дека ќе добијат близнаци беа изненадени, но и малку исплашени, бидејќи сметаа дека едно дете е доволно. Но, веста дека се машко и девојче многу ги израдува. Се чувствуваат како да освоиле семеен џекпот“, вели извор за медиумите.

Амал се подложи на третман за „ин витро“ оплодување кој беше успешен, па парот сега се спрема за доаѓањето на уредувајќи го домот за приновата и купувајќи ги потребните ствари. Како што е објавено, семејството ќе има приватна медицинска сестра задолжена за грижата за здравјето на децата, која ќе биде сместена во посебно крило од нивната куќа уредено за бебе во кое се наоѓа спа за бебиња, игротека, библиотека и мини базен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …