Сеад Кочан на 7 ноември на обвинителна клупа во прво рочиште за „Труст“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бизнисменот и сопственик на компанијата „Трансмет“ и на телевизијата ТВ Нова, Сеад Кочан ќе се појави на суд на 7 ноември, на првата расправа за случајот „Труст“, откако Кривичниот суд го прифатил обвинителниот акт.

Специјалното јавно обвинителство за „Труст“ навело и сослушување сведоци.

Според обвинението, „Трансмет“ една од компаниите во конзорциоумот,заедно со „Силекс неметали“ и „Вато“, чии сопственици фалсификувале документација за да го добијат тендерот за ископ на јаловина што државната компанија ЕЛЕМ го распишала во 2011 година. Конзорциумот, како што објави веќе СЈО, со лажни документи прикажал дека поседува механизација како услов да се добие тендерот и добил 17 милиони евра.

Судот, неофицијално го прифатил и обвинителниот акт за случајот „Тотал“, во кој првообвинет е новинарот и бизнисмен Драган Павловиќ-Латас, за затајување данок, но сѐ уште не е закажано рочиште.