Home Актуелно Се трага по „касапот од Буча“: Украинското разузнавање тврди дека овој човек ја издал наредбата за масакрот во Буча (снимка)

Се трага по „касапот од Буча“: Украинското разузнавање тврди дека овој човек ја издал наредбата за масакрот во Буча (снимка)

Почна „ловот на касапот од Буча“, воено лице за кое постои основано сомневање дека е одговорно за ужасни и масовни злосторства во предградијата на украинската престолнина Киев, јавуваат украинските разузнавачки служби.

Осомничениот за масовните злосторства врз цивилите во Буча е идентификуван од украинските разузнавачки служби во синергија со „Информнапалм“, волонтерска иницијатива која ги следи активностите на руската армија и специјалните служби.

Станува збор за потполковник Азатбек Омурбеков, командант на 64-та руска моторизирана бригада, која беше вклучена во окупацијата на Буча, град на околу 40 километри од центарот на Киев.

Руските трупи под негова команда убиваа цивили од куќа до куќа, а имаше извештаи за брутални силувања на жени и деца.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…