„Се пушта на најјако“: Груби си брка тематска мода на поставување на камен-темелникот за Коридор 8


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вицепремиерот Артан Груби на денешното поставување камен темелник на проектот Коридор 8 пристигна облечен во маица на која е испечатен автопатот, а на средина бројот „8“.

Поставувањето на камен темелникот за започнување на изградбата на коридорите 8 и 10д, воедно и најголем инфраструктурен проект што државата ќе ја чини 1,3 милијарда евра се одвива кај наплатнат рампа Тетово-Гостивар.

На настанот се обратија премиерот Димитар Ковачевски, Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер.