Кога елеганцијата ќе се сретне со креативноста, резултатот е маникир кој не може да помине незабележано.
Иако на прв поглед може да изгледа како најздодевна опција, nude маникирот може лесно да се претвори во оригинален, впечатлив и многу софистициран изглед на ноктите. Дискретни, но ефективни детали како геометриски линии, мали скапоцени камчиња, цветни елементи и металик акценти се само дел од тоа што го издвојува.
Дури и кога се прифати во некоја понова, модернизирана форма, nude маникирот останува класика безвременска – одава елеганција, одговара на секој стил и секако, бара минимална нега и одржување.
Погледнете ги во галеријата 12-те најкреативни nude маникири кои ќе ве инспирираат да ги промените вашите нокти на еден суптилен, но многу модерен начин.