Се чека обдукцијата на починатата родилка од Штип – лекарите негираат нивна вина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Штипското обвинителство ги чека резултатите од обдукцијата на младата штипјанка Билјана Коларова Ничева.

Од тоа зависи дали ќе покрене истрага за смртта на оваа 26 годишна родилка, која почина пред два дена во штипската болница. Ако обдукцискиот наод открие лекарска грешка, обвинителството ќе постапи соодветно, велат од таму.

Во меѓувреме, не стувнуваат реакциите за овој настан. Лекарите вчера на прес конференција рекоа дека се потресени, бидејќи за нив ова било прв ваков случај.

Лекарите од штипската болница велат дека не се виновни за смртта на нивната сограѓанка, 26 годишната Билјана Коларова Ничева и нејзиното новороденче.

Според нив, младата жена, која била во осмиот месец од бременоста, вчера околу пладне била примена во болницата со болки во стомакот и повраќање. Додека и биле правени испитувања, состојбата нагло и се влошила, по што е однесена во операциона сала каде што почнала нејзина реанимација. Откако пробале се, лекарите увиделе дека ја губат, па почначале со царески рез, да го спасуваат бебето. Сепак, компликациите на Ничева влијаеле и врз него, па тоа се родило мртово. Според анестезиологот Ванчо Ѓоргов, голема е веројатноста токсичен шок да е причината за смртта.

На градските гробишта во Штип денеска беше погребана 26 годишната Билјана Коларова Ничева.