Home Актуелно Се бара притвор за две лица кои се осомничени за киднапирање на внукот на Љубе Бошковски

Се бара притвор за две лица кои се осомничени за киднапирање на внукот на Љубе Бошковски

Повикувајќи се на информации потврдени од скопското обвинителство, Фокус пренесува дека споменатиот орган бара притвор за две лица кои се осомничени за киднапирање на внукот на Љубе Бошкоски.

-Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека со своите дејствија учествувале во кривично дело – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, ни одговорија од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека засега не можат да кажат детали.

-Во интерес на постапката, Јавното обвинителство не е во можност да сподели повеќе детали во овој момент, велат од Обвинителството.

Самоил Костадиновски за исчезнат беше пријавен од неговиот брат. Тој е внук од братот на Виолета, сопруга на Љубе Бошкоски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…