Home Актуелно СДСМ: Неразумниот Груевски го блокира целиот државен систем

СДСМ: Неразумниот Груевски го блокира целиот државен систем

Парламентарното мнозинство избрано од граѓаните на кредибилни избори мора да ги заштити граѓанските и државните интереси.

„Граѓаните и државата се под заложништво на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои со насилство ги блокираат демократските процеси.

Тие се подготвени, за да се спасат од одговорност, да го блокираат целиот државен систем и да ги жртвуваат стабилноста на Македонија и егзистенцијата на луѓето.

Земјоделците се уште не ги добија субвенциите. Фирмите доцнат со исплата на плати. Министрите во заминување веќе 4 месеци се со технички овластувања. Најзагрижувачки, за три недели Македонија ќе остане без градоначалници и советници, бидејки тогаш по закон престануват сите нивни овластувања.

Граѓаните гласаа против насилства, заложништва, криза, притисоци, против кршење на Уставот и законите. Тие во огромно мнозинство избраа промени и заедништво и очекуваат квалитетен живот и евро-атлантски интеграции.

Нивните 700.000 гласови се преточени во демократски формирано парламентарно мнозонство од 67 пратеници кое има обврска да ги заштити граѓанските и државните интереси.

Бидејки се работи за неразумни политичари како Груевски и Иванов, парламентарното мнозинство постапува мудро за да ги заштити државата и граѓаните од насилието на криминалната група која сака инциденти и не дозволува мирен трансфер на власта.

Но мнозинството нема да дозволи насилството на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да ги загрози граѓаните и државата. Ги знаеме своите обврски и скоро ќе ја реализираме мнозинската волја на граѓаните, во разумен момент што ќе процениме дека нема да нанесе штети врз граѓаните и државата.

Република Македонија ќе го добие новиот собраниски претседател и новата реформска Влада!

Порачуваме дека разгорувањето тензии и постапувањето спротивно на Уставот и законите се тешки дела против државните и граѓанските интереси, казниви по закон“, се вели во соопштението на СДСМ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…