Сашко Кедев избран за редовен член на МАНУ, Венко Андоновски за дописен член на академијата

Македонската академија на науките и уметностите на 20. Изборно собрание што се одржа вчера за редовни членови ги избра Марјан Марковиќ во Одделението за лингвистика и литературна наука, Драги Ѓоргиев (копретседавач со македонско-бугарската комисија) во Одделението за општествени науки, Александар Димовски, Сашко Кедев и проф. д-р Димитар Ефремов во Одделението за медицински науки.

За дописни членови на МАНУ се избрани проф. д-р Веселинка Лаброска и проф. д-р Лилјана Макаријоска во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Сашо Цветковски во Одделението за општествени науки, проф. д-р Дијана Плашеска-Каранфилска во Одделението за медицински науки, проф. д-р Зоран Хаџи-Велков во Одделението за технички науки, проф. д-р Валентин Мирчески во Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Венко Андоновски во во Одделението за уметност.

За членови надвор од работниот состав на Академијата се избрани проф. д-р Татјана Вендина во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Жозеф Глигоров во Одделението за медицински науки, проф. д-р Наташа Јоновска и проф. д-р Панче Наумов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки.