
Кое годиште е Сузана Јовановиќ
Саша имаше 43 години кога се венчаа, а малкумина знаат кое годиште е Сузана Јовановиќ.
Саша Поповиќ почина на 70-годишна возраст по кратка и тешка болест. Тој помина цели пет децении на сцената, беше синоним за нови бизнис идеи, проекти и креативност. Освен успешната кариера, беше и остварен семеен човек – со години беше во складен брак со Сузана Јовановиќ, која му беше поддршка и во добро и во лошо.
– Имаше периоди пред Саша кога имав само 20 динари во џебот и кога фрижидерот ми беше празен, немав што да јадам.
Но, сепак останав ментално силна и здрава, останав нормална, го зедов животот во свои раце и решив да го променам тоа – раскажа Сузана во една прилика, која се огласи два дена по смртта на сопругот.
И самата Сузана имала предрасуди за Поповиќ кога се запознале, но многу брзо станало јасно дека тој ќе ја одведе пред олтарот, иако се спротивставувал на тоа „судбоносно да“ до својата 43-та година. Првиот бакнеж се случил на свадбата на пејачката Злата Петровиќ, која била поранешна девојка на Саша Поповиќ.
Сузана Јовановиќ имала 27 години кога се венчале (родена е во 1969 година) и остана покрај својот сакан Саша до неговиот последен ден.