Сајтот за резултати уште не им работи: Први неофицијални конечни резултати од ДИК – 46 пратеници за СДСМ, 44 за ВМРО-ДПМНЕ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Државната изборна комисија вчера ги соопшти неофицијалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори.

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, соопшти дека најмногу гласови на изборите освоила коалицијата “Можеме” на СДСМ, 327 329 гласови или 35,9% со кои добиваат 46 мандати во новиот состав на Собранието.

По нив , е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со освоени 315 344 гласови или 34,59% , доволни за 44 пратенички мандати.

Демократската Унија за Интеграција има 104 587 гласови, односно 11,47% од гласовите , кои обезбедуваат 15 мандати.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива освоиле 81 297 гласови, 8,92%, кои им носат 12 пратеници.

За Левица гласале 37 551 граѓани, 4,12% од гласовите, кои им обезбедуваат 2 пратенички места.

По изборни единици, резултатот е следен:

Во изборната единица 1:

Коалицијата “Можеме” на СДСМ има 54 578 гласови или 34, 12%, за 8 мандати ; ВМРО-ДПМНЕ и други имаат 50 564 или 31,61%, за вкупно 7 мандатич ДУИ 19,672 гласови или 12,3% за 2 пратеници, Алијанса на албанците 14 143 гласови за 8,84% кои носат 2 пратеници. Еден пратеник во изборната единица обезбеди и Левица со 12 124 гласови, 7,58% од гласови.

Во изборната единица 2:

Најмногу гласови има ВМРО-ДПМНЕ, 47 929 односно 31,34% со кои има 7 мандати; потоа коалицијата Можеме на СДСМ со 47 852 гласови или 31,29% , доволни исто така за 7 мандати. По 3 пратеници имаат и ДУИ и Алијансата за Албанците. За ДУИ гласале 22 078 граѓани (14,44%) , додека Алијансата има 20 783 гласови (13,59%).

Во изборната единица 3:

ВМРО ДПМНЕ има најмногу гласови во оваа изборна единица – 71, 551 (45,82) кои носат 10 мандати. Можеме на СДСМ освоила 66 853 гласови (42,81%) за 9 мандати , додека Левица со 6939 гласови (4,44%) добива еден пратеник во Собранието.

Во изборната единица 4:

Пратеници освојуваат само ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Коалицијата Можеме добила 77 195 гласови (46,76%), додека ВМРО-ДПМНЕ 74, 478 (45,11%). Двете освојуваат по 10 пратенички мандати.

Во изборната единица 5:

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ освојуваат по 8 пратеници во оваа изборна единица. Најмногу гласови добила коалицијата Можеме – 56 622 (36,67%), додека за ВМРО-ДПМНЕ гласале 55 159 граѓани (35,72%)

ДУИ добива тројца пратеници со 21,745 гласови (14,08%), додека Алијансата еден пратеник со 10 716 гласови (6,94%).

Во изборната единица 6:

Најмногу гласови и мандати има ДУИ. 34 468 (30,41%) за 7 пратеници, пред Алијансата за која гласале 34 450 граѓани (27,96%), кои обезбедуваат 6 пратеници.

Коалицијата Можеме на СДСМ има 24 229 гласови (19,67%) со кои добиваат 4 пратеници, пред ВМРО-ДПМНЕ со освоени 15 663 (12,71%) , кои носат 2 пратеници.

Последниот пратеник во оваа изборна единица го освојува ДПА со 9 083 гласови (7,37%).