Home Актуелно САД се најголема воена сила во светот според „Global Firepowere“ – еве на кое место е Македонија според воената моќ

САД се најголема воена сила во светот според „Global Firepowere“ – еве на кое место е Македонија според воената моќ

Според годишниот извештај на „Global Firepower“ во кој се прави проценка на воената моќ на секоја земја во светот, први на листата како најголема воена сила се САД, по што следуваат Русија, Кина и Индија. Во топ десетте најсилни армии уште се и Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил.

Годишниот извештај ги оценува воените капацитети на државите, и тоа од разновидноста на оружјето и расположливата човечка сила, до географската локација и финансиската моќ, со цел да се утврди кои нации доминираат во светот според воената моќ. Во анализата се проценуваат повеќе од 50 фактори

Во регионот најголема воена сила е Србија, рангирана на 61 место во светски рамки. Веднаш зад Србија е Хрватска која е на 62-ро место. Црна Гора е на 132 место, Албанија 115, Македонија на 135, Косово на 140-то место од 142 земји земени предвид. Последни на листата се Исланд и Бутан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…