Руското знаме е хит во Западна Африка


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Младите луѓе од големите градови ширум Западна Африка мавтаат со знамиња на протестите или додека итаат низ градовите на мотоцикли. Кројачите ги шијат по десетици дневно во тесните улички. Таксистите ги ставаат на своите инструмент табли.

Во морето знамиња кои високо се веат во налетот на патриотскиот жар во Буркина Фасо, Мали и во последно време во Нигер, земјите кои неодамна доживеаја воени удари, црвено-бело-синото знаме на Руската Федерација стана вообичаено. За Африканците, руската тробојка е кул и симбол на борбата против колонијализмот. Иако има политички призвук, знамето е и аксесоар, моден додаток како илустрациите на Че Гевара пред една генерација на Западот, пишува Њујорк тајмс.

Како Русија направи пробив во некои земји од западна и централна Африка, нејзиното знаме стана највидливиот знак на поширокото геополитичко поместување во регионот. „Руското знаме стана симбол на отпорот во Западна Африка, поврзан со антизападните и антифранцуските ставови“, вели Кајл Волтер, шеф на истражување во технолошката компанија Логика.

Како толку руски знамиња така лесно завршија во престолнините на Западна Африка е тема на шпекулации меѓу аналитичарите и некои западни дипломати кои тврдат, без да дадат докази, дека руската влада ја финансира нивната дистрибуција за да го рашири своето влијание.

Руските знамиња и кошули со дизајн на знамето претставуваат добар бизнис за кројачите, наведуваат продавачите кои зборувале за американскиот весник. Минијатурно знаме за автомобил чини 80 центи. Кошули во боите на руското знаме се продаваат за 3 долари, а најголемите знамиња по дури 6 долари.

Знамето е и политички став. Многу млади Африканци ја гледаат Русија како антиколонијална сила, која е тука да им помогне да го отфрлат колонијалното минато и да напишат ново поглавје на националната историја кое нема никаква врска со експлоататорските западни земји, корупцијата и сиромаштијата.

Бидејќи, по државните удари, надежта во економските можности и социјалниот напредок во рамки на партнерствата со Франција и Западот се сè помали, апетитот за моќен сојузник во облик на Русија е сè поголем, пишува Њујорк тајмс.

Засега, ентузијазмот кон Русија допрва треба да се преточи во политичко влијание на Москва во Нигер, каде и понатаму преовладуваат проекти на Кина, Турција и западните земји, заклучува американскиот весник.