Русите го освоија и Харков


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денеска е четврт ден од руската воена акција во Украина. Во текот на ноќта во близина на Харков (украински Харкив) е уништен гасовод, а во Киевската област е уништено складиште за гориво.

Киев вели дека формира „меѓународна“ легија за странци кои сакаат доброволно да ја поддржат Украина.

„Ова ќе биде клучен доказ за вашата поддршка за нашата земја“, рече претседателот Володимир Зеленски во неодамнешната изјава за новата украинска „Легија на странци“.

По заземањето на Харков, руските трупи сега ја окупираат Нова Каховка. Тоа е мал град, но стратешки лоциран на реката Днепар, кој директно го снабдува полуостровот Крим со водни канали. Нејзиниот градоначалник, Володимир Коваленко, наводно рекол дека руските војници го презеле извршниот комитет на градот и ги отстраниле сите украински знамиња од зградите.

Аналитичарите забележаа дека напредувањето на Русија од југ е најуспешно досега, при што руските сили им се заканија на Херсон, Николаев и Мелитопол.