Русија со закана кон Литванија: Нашиот одговор на блокирањето на транспортот кон Калининграт нема да биде дипломатски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одговорот на официјална Москва на одлуката на Литванија да го блокира рускиот транспорт на стоки кон Калининградската област повикувајќи се на санкциите на Европската Унија нема да биде од дипломатска, туку од практична природа, порача денес портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.ж

„Едно од главните прашања е дали нашиот одговор ќе биде исклучиво дипломатски. Одговорот е: не! Тој ќе биде практичен“, порача Захарова на прес-конференција.

Таа не сакаше да ја прецизира природата на практичните мерки кои Русија планира да ги преземе против Литванија.

„Што се однесува до можните контрамерки, тие се разработуваат во меѓуресорен формат. И Литванија и ЕУ преку своите дипломатски мисии во Москва се известени дека таквите акции се недозволиви и дека преземените чекори треба да се поништат и да се доведе ситуацијата назад на легален, легитимен колосек. Ако тоа не се направи, тогаш, нормално, возвратните потези ќе бидат неизбежни, што е истакнато на сите ниво во Москва“, кажа Захарова.

Литванските власти соопштија на 18 јуни дека од тој ден стапува на сила забраната за транзит на стоки под санкции на ЕУ преку нивна територија кон руската ексклава Калининград.

На листата на санкции на ЕУ се наоѓаат јагленот, металите, градежните материјали и напредната технологија, а забраната опфаќа 50 отсто од стоките кои Калининград ги увезува.