Русија предложи хуманитарен коридор за украински цивили преку руска територија – Украина предлогот го смета за неморален


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во третата рунда преговори меѓу Москва и Киев во Белорусија, а украинските преговарачи забележаа мал позитивен развој за обезбедувањето хуманитарни коридори за да им се овозможи да цивилите да избегаат од градовите нападнати од Москва.

Воспоставувањето хуманитарни коридори за да се овозможи евакуација на цивилите од неколку градови кои се мета на жестоко руско гранатирање беше точка на расправии на двете страни. Претходните обиди за создавање безбедни премини пропаднаа, а илјадници луѓе останаа заробени во градовите кои Русија ги гранатира.

Ниту една страна досега не даде детали од разговорите.

Русија претходно најави ограничен прекин на огнот и воспоставување безбедни коридори кои ќе овозможат цивилите да избегаат од неколку опколени украински градови. Но, рутите за евакуација водеа кон Русија и нејзиниот сојузник Белорусија, што беше силно критикувано од Украина и повеќе земји, вклучително и од францускиот претседател Емануел Макрон.

Украинската страна оцени дека понудата за коридори за евакуација преку Русија или Белорусија е неморална, а францускиот претседател Емануел Макрон ја оцени како „лицемерие“ од страна на Москва.

Да се каже дека „ќе ги заштитиме луѓето со тоа што ќе ги донесеме во Русија е лицемерно“, рече тој.

„Ова е цинизам кој е неподнослив“, оцени Макрон.

Портпаролот на украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека на украинските граѓани треба да им биде дозволено да ги напуштат своите домови преку украинска територија, нарекувајќи ја руската понуда „целосно неморална“. Тој ја обвини Москва дека се обидува да го „искористи страдањето на луѓето за да создаде телевизиска слика“ и оти намерно ги попречувала претходните обиди за евакуација.