Русија почнува да испорачува нафта и кон Африка и Јужна Америка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Русија ќе ги пренасочи испораките на нафта не само кон земјите од азискиот континент, туку и во Африка и Јужна Америка, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак на форумот Руска енергетска недела.

„Што се однесува до пренасочувањето, поголемиот дел од нашата нафта ќе биде насочен кон азиско-пацифичкиот регион, кон Индија, Пакистан и други земји во тој регион. Потоа, кон земјите од Африка и Јужна Америка, односно кон сите на кои им се потребни нашите енергетски ресурси“, кажа Новак, а пренесуваат руските агенции.

Тој најави и проширување на руските пристанишни капацитети.

„Кога станува збор за транспортот, тоа се пристаништата и нафтоводите. Ембаргото не се однесува на испораките по нафтоводи, туку само на поморскиот транспорт. Без оглед на тоа, сите наши логистички центри кои во моментов се користат ќе бидат и понатаму во употреба и ќе бидат проширени. Планираме да ги прошириме капацитетите Уст-Луга, Новорисијск и во Приморскиот регион за околу 40 милиони метрички тони, што е прилично голем обем“, кажа рускиот вицепремиер.