Home Актуелно Русија објави снимка на која тврди дека се снимени дел од ранетите украински војници од Азовстал

Русија објави снимка на која тврди дека се снимени дел од ранетите украински војници од Азовстал

Од Министерството за одбрана на Русија објавија снимка за која тврди дека покажува дел од ранетите украински војници што се евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол во последните два дена.

На видеото се гледаат видно измачени мажи како лежат на кревети во болничко одделение, завиткани во ќебиња. Многумина од нив гледаат право пред себе.

Би-би-си ги преведе изјавите и пишува дека неколку мажи им рекле на снимателите дека за нив се грижат лекари, кои им дале лекови и им ги смениле завоите. Еден од нив вели дека односот на Русите е нормален и дека тој не е изложен на физичко или психичко малтретирање.

Русија претходно објави дека вкупно 959 украински борци, вклучувајќи 80 ранети, се предале од понеделникот од бункерите и тунелите под фабриката за челик Азовстал во Мариупол. Руското Министерство за одбрана соопшти дека 694 украински борци се предале во изминатите 24 часа, вклучително и припадници на Азовскиот полк, од кои 29 ранети.

Според истиот извор, 51 ранет се сместени во болница во Новоазовск, населба под контрола на Русите и нивните сепаратистички сојузници. Министерството не соопшти ништо за судбината на затворениците, а некои руски пратеници инсистираат дека затворениците не треба да се разменуваат за руски затвореници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…