Home Љубов и секс Романса во ритам – дали Спотифај станува апликација за запознавање?

Романса во ритам – дали Спотифај станува апликација за запознавање?

Замислете си свет во кој секоја песна што ја пуштате е шепот на срцето – нежен гест, скриена порака или повик на романса.

Токму тоа го овозможува новата опција за директни пораки на Spotify. Социјалните мрежи веќе вријат од идејата дека најголемите љубовни приказни во иднина нема да се раѓаат на апликации за запознавање, туку преку мелодиите што поврзуваат двајца луѓе.

Наместо обичното „еј, што правиш?“, сега може да стигне песна – искрена, емотивна, внимателно избрана за да го каже токму она што зборовите не умеат. Музиката отсекогаш била носител на најчистите емоции, а со оваа нова функција, секоја нота може да стане љубовно писмо, секој рефрен мала исповед.

Можно е токму преку иста плејлиста за тажни моменти или преку песна што ќе се појави во вашето сандаче тогаш кога најмногу ви е потребна – да ја пронајдете сродната душа. Зашто кога емоциите ќе се претопат во звук, љубовта добива нов ритам – ритам што отсега ќе свири на Spotify.

За разлика од типичните апликации за запознавање што нудат неколку фотографии и внимателно скроени описи, Spotify сега овозможува нешто многу поискрено – вашиот музички вкус. А дали навистина постои подобар начин за поврзување од заедничките песни што ве тераат да играте, плачете или да се вљубувате одново? Можеби нова љубовна приказна ќе започне токму со DM во вид на песна што ги кажува сите тие чувства за кои зборовите молчат. А првиот „официјален“ пар што гордо ќе изјави „се запознавме преку Spotify“ – веројатно веќе постои.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Љубов и секс
Comments are closed.

Check Also

5 силни „да“ за женската мастурбација

5 ГОЛЕМИ „ДА“ ЗА ЖЕНСКАТА МАСТУРБАЦИЈА Иако женската мастурбација отсекогаш постоела, за н…