Home Вебкафе Револуционерно шишенце кое ќе ве контролира колку апчиња пиете

Револуционерно шишенце кое ќе ве контролира колку апчиња пиете

Американската компанија „Пилси“ произведе шишенце за таблети кое преку блутут врска и апликација за смартфони го контролира земањето на лекови.

Шишенцето е опремено со сензори кои го следат бројот на преостанатите таблети и во соработка со апликација на сопственикот или членовите на неговото семејство ги праќа сите потребни информации во СМС порака.

Исто така, постои и опција која овозможува упатување на повик до сопственикот кој заборавил да испие таблета во предвиденото време.

Се проценува дека погрешното и нередовното земање на лекови во САД предизвикува 125.000 смртни случаи годишно и чини 300 милијарди дополнителни трошоци на здравствениот систем.

Претходно истражување покажало дека многу пациенти ги забораваат лекарските усмени упатства за дозирање на лековите во рок од 10 минути по излегувањето од ординациите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …