Ретки и восхитувачки фотографии од славната Мерилин Монро
Мерилин Монро секогаш ќе остане запаметена по нејзината глума, но и по убавината со која зрачеше…
Не ја сакаа само режисерите – туку и нејзините колеги актери низ целиот свет, како и фотографите кои постојано се обидуваа да ја фотографираат, во секој миг.
Многу водечки фотографи од 50-тите години се обидуваа да ја доловат филмската ѕвезда во сета нејзина “заслепувачка холивудска убавина”, но се покажало дека нејзината друга страна – онаа природна, без шминка, со разурната коса, сериозна и професионална – е онаа која вистински ја открива нејзината убавина. Опуштената Мерилин, во своето “автентично издание”, била најпривлечна, многу повеќе отколку на фотографиите каде е во улога.
Токму затоа фотографиите на Ив Арнолд, жената со која Мерилин соработувала повеќе од 10 години, се сосема поинакви од другите професионални слики. На тие фотографии таа не изгледа како сјајна, замрзната фигура, туку како вистинска личност, со сите свои човечки слабости и несовршености.
На овие слики можеме да ја видиме Мерилин во моменти на пауза меѓу снимањето на филм – се одмора на импровизиран душеци, додека и ги масираат стапалата, се разубавува во бањата, разговара со млад обожавател, во казино или на фото-сесии на Лонг Ајленд. Мора да се признае дека изгледа навистина заводливо на секоја од фотографиите.