Реакција на Песков на наводите за неинформираноста на Путин за Украина: Западот нема поим што се случува во Кремљ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После наводите од медиумите дека рускиот претседател добива погрешни информации од најблиските советници, кои се „премногу уплашени да му ја кажат вистината“ за ситуацијата во Украина, а кои јавно ги изнесе и портпаролот на Пентагон, реагираше и официјална Москва.

„Шпекулациите на Западот се доказ дека ниту Стејт департментот ниту Пентагон немаат реални информации за ситуацијата“, изајви денеска портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Кремљ денеска ги негираше тврдењата на САД и Велика Британија дека советниците на претседателот Владимир Путин се исплашени да му ја претстават вистинската слика за воената операција на Москва во Украина.

„Тие едноставно не разбираат што сѐ се случува во Кремљ“, изјави Песков.

„Тие не го разбираат претседателот Путин, не го разбираат механизмот на донесување одлуки и не го разбираат стилот на нашата работа“, додаде тој.

Песков посочи дека ова е „загрижувачко“ бидејќи „ваквото целосно неразбирање води до погрешни одлуки, кои имаат лоши последици“.

Путин ја почна воената операција во Украина на 24 февруари, како причина наведувајќи го „геноцидот“ врз тамошните руски говорители и обвинувајќи ја оваа прозападна земја за блиски врски со НАТО.