Реакција на клиниката „Жан Митрев“ на новинарскиот документарен филм „Нечиста крв“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клиниката Жан Митрев излезе со јавна реакција по обајвувањето на документарниот филм „Нечиста крв“ на ИРЛ, во кој тие обелоденуваат дека доктор Жан Митрев и клиниката „Жан Митрев“ изведувале експерименти врз пациентите заразени со коронавирусот.

Подолу следува целосната верзија од нивното јавно соопштение.

„Имајќи во предвид дека деновиве во медиумите се објавени невистинити и наведувачки информации поврзани со работата на Клиничката болница Жан Митрев и Академик д-р Жан Митрев би сакале да ја известиме целокупната јавност, медиумите и нашите пациенти за следното:

Клиничката болница Жан Митрев успешно работи за добробит на граѓаните веќе 22 години, нудејќи им услуги сертифицирани по светски стандарди, професионална грижa во насока на подобрување на здравјето, што е докажано во безброј успешни случаи. Ваквиот пристап продолжи да се применува и во текот на светската пандемија предизвикана од страна на вирусот КОВИД-19, во кој период клиниката со многу труд, волја и неизмерно себевложување од своите вработени придонесе за спасување на огромен број човечки животи.

Навистина сме згрозени од тенденциозниот говор на омраза употребен кон нашата институција, како и од неточните наводи, односно од фабрикуваните информации кои единствено се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на Клиничката болница Жан Митрев. Очигледно е дека овие лажни информации се креирани со намера за целосно искривување на фактите кои се однесуваат на долгогодишната успешна работа на Клиничката болница Жан Митрев, каде што работат повеќе од 400 стручни и професионални лица под раководство на д-р Жан Митрев.

Изнесените невистинити квалификации пласирани низ одредени медиуми деновиве се насочени кон намерно нарушување на честа и угледот на Клиничката болница и воопшто не кореспондираат со вистината. Истите се вознемирувачки и за нашите пациенти, целиот наш тим и нивните блиски кои посветено и чесно работат сите овие години. Ние како институција практикуваме исклучиво медицина базирана на докази. Од самиот почеток, но и во иднина ние бевме и ќе останеме професионални во вршењето на својата деловна активност и ќе продолжиме грижливо и стручно да им помагаме на нашите пациенти за целосно подобрување на нивното здравје.

Нашите следни чекори ќе бидат во насока на искористување на сите правни можности согласно законите, а со цел да се спречат овие и сите следни вакви и слични неосновани напади на нашата институција“.