Разговорот со Путин кој го вознемири Шолц на почетокот од руската инвазија на Украина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првите недели од воената инвазија на Русија врз Украина германскиот канцелар Олаф Шолц беше еден од светските лидери кој разговараше со Путин во обид некако да го разубеди од патот по кој е тргнат. Телефонскиот разговор завршува со сериозна вознемиреност на Шолц.

За настанот објавува францускиот новинар Стефан Ламб, кој од француска страна присуствувал на телефонски разговор во кој Шолц муабетот со Путин му го пренесува на Макрон.

На прашањето како мина разговорот од утрово, Шолц одговара:

„Нема да биде подобро.

Нешто ме загрижува повеќе отколку разговорот. Тој не се жали за санкциите. Не знам дали спомна нешто во разговорот со тебе. Ама тој не ги ни спомна санкциите.“

На ова Макрон одговара: „ниту мене“.

Шолц се пожалил дека Путин само му зборувал за својот план за Украина и како тој мисли дека може да се најде компромис, плус зборувал за демилитаризација и денацификација. Путин плус побарал Германија да го признае Крим како дел од Русија, и да ја признае независноста на новите републики.

Кога Шолц прашал дали треба да има средба меѓу него, Путин и Зеленски, рускиот претседател не го одбил предлогот, туку рекол дека има два услова: прво, да има безусловен прекин на огнот, „а потоа зборуваше само за нас тројца, јас, ти (Макрон) и тој, без Зеленски.“

Откако Шолц завршува со својот рапорт, Макрон му потврдува дека отприлика тоа е истото што Путин го разговара и со него еден ден претходно.

Макрон минатата година објави дел од телефонските разговори со Путин. Во еден од нив рускиот претседател го споменува фрлањето атомска бомба врз Хирошима и му пренесува на Макрон што има научено од тоа:

„Не мора да нападнеш голем град за да победиш.“