Home Вебкафе Ракитиќ пис на јазик: „Кучкин сине, следната сезона ќе играш во втора лига“ (видео)

Ракитиќ пис на јазик: „Кучкин сине, следната сезона ќе играш во втора лига“ (видео)

Репрезентативецот на Хрватска, Иван Ракитиќ, се конфронтираше со Бразилецот Андреас Переира, во 77-та минута од дуелот на Барселона со Гранада. Судијата му даде жолт картон на играчот од Барса, а овој полуде поради тоа.

ТВ камерите го забележаа реткиот момент кога Ракитиќ загуби нерви и брутално го навредуваше противникот од дресот на Гранада, во натпреварот од шпанската Примера во неделата, пренесува Марка.

Барселона ја доби Гранада со 4:1 на гостински терен, а хрватскиот играч за врска фрлаше со „дрва и камења“ по младиот играч за врска од противничкиот тим, при конфликтот во 77-ма минута. Судијата Латр му даде жолт картон на Ракитиќ, а овој одлепи поради тоа.

Вината за тоа Ракитиќ ја пронајде во Переира, па бесно му дофрли: „Следната сезона ќе играш во втора лига, кучкин сине!“

Иако изговорена во моменти на бес и со злобна заднина, сепак, изјавата на Ракитиќ не е далеку од вистината, бидејќи Гранада моментално е претпоследна со осум бода помалку од позицијата која обезбедува опстанок во Примера. Переира, додуша, сигурно ќе биде во друг тим, на друго место, бидејќи е на позајмица од Манчестер Јунајтед, а истиот случај ќе биде и со поголем дел од неговите соиграчи, бидејќи речиси половина тим од Гранада е позајмен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…