Home Шоубизнис Рада Манојловиќ ја отвори душата по 40-тиот роденден: Постојано во страв, напнатост и маѓепсан круг…

Рада Манојловиќ ја отвори душата по 40-тиот роденден: Постојано во страв, напнатост и маѓепсан круг…

Пејачката Рада Манојловиќ го прослави својот јубилеен 40-ти роденден.

Овој важен датум не можеше да помине незабележано, па токму поради тоа, Рада сподели емотивна објава на социјалните мрежи, изразувајќи благодарност до сите што ѝ упатија убави зборови и искрени желби.

Откако ги средила впечатоците, се навратила на моментот дека наполнува 40 години.

„Изминативе денови размислував на темата за возраста и таа јубилејна бројка 40. Не сакав ова да биде само обична благодарница, туку сакав да споделам со вас една моја нова теорија за родендените и генерално за поимот време и години,“ објасни Рада.

„Дали сте забележале колку често за јавни личности велат: ‘за нив како да застанало времето, изгледаат помлади отколку што се, замрзнати се во времето?’ Хм хм… Дали ви се случува и вам, луѓето околу вас да ви делуваат помладо од нивната возраст? И дали и самите себе си изгледате или се чувствувате помладо од она што реално стои на лична карта?” – праша пејачката.

„Јас го забележав тоа често, не само кај светските ѕвезди, туку и кај наши луѓе, во моето поблиско опкружување и така натаму. Мојот заклучок е дека времето всушност стои, или барем поминува многу побавно од тоа што мислиме и многу побавно старееме отколку што тие календарски години покажуваат. Од една Нова година до следната – официјално поминала една година, ама реално, ако прашаш душата, тоа се најмногу 6, 7, ајде нека бидат и 8 месеци. Но никако цели 12,“ рече Рада.

Таа додаде дека стравот од стареењето предизвикува и сериозни здравствени проблеми:

„Мислам дека ова со времето е некоја озбилна замка и измама. Зошто? Можеби за да се исплашиме колку брзо сме ги наполниле 40, па потоа 50, па 60 години, па фаќаш стравови дека животот ти пролета, си ставаш притисок ‘што ќе правам, како ќе биде’, природен страв од смртта, се разболуваш од нервоза, и постојано се вртиш во тој некаков страв, грч и маѓепсан круг“ – нагласи пејачката.

На крајот, Рада ја сподели и својата лична проценка:

„Можеби времето и се забрзало, ама само според бројките. Ние физички не старееме во тој ритам. Наполнив 40, ама се чувствувам и изгледам некаде до 35-та и мислам дека тоа е мојата реална возраст“ – заклучи Рада.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …