Пудери кои ќе ја обележат вашата есенска рутина
Оваа есен е идеално време да го пронајдете совршениот пудер кој ќе биде вашиот beauty-сојузник од утро до вечер.
Тој кој нема да ве изневери ни во хаосот на секојдневието, кој ќе ви овозможи беспрекорен тен, чувство на удобност и самодоверба – без разлика дали трчате на работа, пиете кафе во омилено бистро или уживате во вечерен излез.
Како што се менуваат годишните времиња, така се менува и нашата кожа – летото е зад нас, а есента носи потреба за повеќе хидратација, стабилност и отпорност на промени во температурата. Пудерот кој ви служеше верно во сончевите месеци можеби сега нема да функционира како што треба. Затоа ги издвоивме есенските фаворити кои комбинираат природен изглед, нега и долготрајност.
1. Хидратантен, но долготраен
Л’Ореал Тру Меч (L’Oréal True Match Foundation)
За кожа која бара дополнителна нега, изберете пудери збогатени со хијалуронска киселина и хранливи состојки. Кремастата текстура го обвива лицето како нежен филтер, давајќи природен финиш и чувство на удобност во текот на целиот ден. Идеален избор за нормална до сува кожа – особено кога сакате свеж, одморен изглед, дури и по напорен ден.
2. Долготраен со природен финиш
Есте Лаудер Дабл Веар Стеј-ин-Плејс (Estée Lauder Double Wear Stay-in-Place)
Совршен за сите кои сакаат издржливост, но без “маска ефект”. Најновите технологии овозможуваат пудерот да се стопи со кожата, да остане беспрекорно постојан и истовремено да ѝ дозволи да дише. Вистински избор за оние со динамичен распоред, кои сакаат навечер да изгледаат подеднакво гламурозно како наутро.
3. Скин тинт – како втора кожа
Кодали Винокруш Скин Тинт (Caudalie Vinocrush Skin Tint)
За лежерни денови кога сакате свеж изглед, но без премногу шминка – skin tint е вистинска магија. Пружа лесна покривна моќ, го изедначува тенот и додава суптилен сјај. Во исто време ја храни кожата со витамини и антиоксиданси. Совршен за утрински состаноци, прошетки низ град или спонтани кафе средби со пријателки.
4. Мат, но со кадифен финиш
Мејбелин Њу Јорк СуперСтеј Луми-Мат (MAYBELLINE NEW YORK SuperStay Lumi-Matte)
Доколку преферирате мат завршница, заборавете на старите формули што ја сушат кожата. Новите генерации мат пудери го контролираат вишокот сјај, а кожата останува мазна и нежна. Финишот е кадифен, луксузен и природен – без “безживотен” изглед. Профи трик: нанесете со влажен сунѓер за уште поубав резултат.
5. Фондација-серум за блескав ефект
Кларинс Тинтед Олео-Серум (Clarins Tinted Oleo-Serum)
Хибридните формули кои комбинираат нега и шминка се вистински хит оваа сезона. Овие серум-пудери го изедначуваат тенот, но истовремено и долгорочно го подобруваат изгледот на кожата. Резултат? Лице што зрачи, хидрирано е и со секој ден изгледа поздраво. Мал трик – со промената на сезоната се менува и бојата на тенот, затоа можеби вреди да изберете за нијанса посветла отколку таа што сте ја користеле во текот на летото.
Есента е совршен период да го освежите вашиот несесер и да ѝ подарите на кожата сè што ѝ е навистина потребно. Без разлика дали сте “full glam” тим или цените природен изглед, вистинскиот пудер ќе ви помогне да изгледате совршено – и да се чувствувате така.